Предлог за брз ручек: Тако со пилешко

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:
85 грама путер
1/2 шолја лут сос
1/2 лажица лук во прав
800 грама пилешко
3 лажици грчки јогурт или павлака
2 лажици свежо исцеден сок од лимета (околу 1 лимета)
1 лажица маслиново масло
1/2 лажичка сол
1/4 лажичка мелен црн пипер
300 грама мешавина од зелка салата
12 тортиљи од брашно
2 главици кромид, ситно сецкани

Подготовка:
-Во тава пропржете го пилешкото. Ставете го путерот во микробранова печка додека не се растопи. Додадете го лутиот сос и лукот во прав и мешајте додека не се соединат. Додадете го исецканото пилешко и измешајте.
-Направете салата: Во поголем сад ставете грчки јогурт или павлака, сок од лимета, маслиново масло, сол и бибер и измешајте. Додадете ја смесата со зелка салата и соединете.
-Наредете ги тортиљите на чинија за микробранова печка и покријте ги со влажна хартиена крпа. Печете ги во микробранова додека не се загреат, 30 до 45 секунди. Покријте ги со чиста крпа или алуминиумска фолија за да бидат топли додека не се подготвени за употреба.
-За полнење на такосите, врз загреаните тортиљи ставете ја салатата. Одозгора ставете го пилешкото и додадете кромид.

Слични содржини