Струмичките угостители поради незадоволството од новите мерки против Ковид 19, од вторник ќе излезат на протест за да го изразат револтот.
„Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање“, велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето ќе одат и со поостри мерки.
Посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата, и дека е време Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во нивна корист.