Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека одлуката на неговата земја да учествува во воената парада во Москва по повод Денот на победата – 9 мај, нема да им се допадне на некои, но Белград води суверeна надворешна политика во согласност со државните и националните интереси .
“Не очекувам некакви проблеми, но тоа решение нема да им се допадне на некои”, истакна Дачиќ, кој учествува на состанокот за енергетската безбедност во Централна и Југоисточна Европа во Будимпешта.
Тој исто така рече дека Србија има голем придонес во борбата против фашизмот.
“Наши претставници учествувале во сите воени паради во светот и во тоа нема никакви политички причини, тоа е одбележување на историски важен датум”, рече уште Дачиќ.
