„Ние сме во кругот на смртта“: Израелски тенкови на влезот во главната болница во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Во понеделникот израелските сили пристигнале на влезот во главната болница во градот Газа, каде според лекарите, пациентите умираат бидејќи нема гориво. Меѓу починатите има и новороденчиња.

Портпаролот на министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кидра, кој се наоѓа во болницата Ал Шифи, изјавил дека 32 пациенти, меѓу кои три новороденчиња, починале во последните три дена поради опсадата на болницата и прекинот на снабдувањето со електрична енергија и гориво.

Најмалку 650 пациенти се уште се во болница.

Израел тврди дека болницата се наоѓа над тунелите во кои се сместени штабовите на борците на Хамас, кои ги користат пациентите како жив штит, што Хамас го негира.

„Тенковите се пред болницата. Под целосна блокада сме. Ова е целосно цивилна област. Во болницата престојуваат само болничка инфраструктура, болнички пациенти, лекари и други цивили. Некој треба да го спречи ова“, навел телефонски лекарот од болницата Ахмед Ел Мохалалати.

Портпаролот на Ал-Кидра изјави дека израелски тенк бил стациониран на влезот во болницата. Израелски снајперисти и дронови пукаат во болницата, па лекарите и пациентите не можат да се движат наоколу. „Ние сме опкружени и во кругот на смртта“, рече тој.

Израел им порача на цивилите да си заминат, а лекарите да ги испратат пациентите на друго место. Истакнува дека се обидел да ги евакуира новороденчињата и дека на влезот во болницата оставил 300 литри гориво за резервните генератори, но Хамас го блокирал.

Ал-Кидра рече дека 300 литри гориво се доволни само за еден час, а на болницата ѝ се потребни 8.000 до 10.000 литри гориво дневно. Израелски функционер, кој сакаше да остане анонимен, навел дека 300 литри може да потрае неколку часа бидејќи работи само службата за итни случаи.

Слични содржини