182
Околу 300 затвореници се во бегство откако, како што се претпоставува, исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа, соопшти тамошното полициско министерство.
Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, на новинарите пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, изјави дека еден чувар бил убиен синоќа при упад и дека уште тројца затворски вработени се ранети, пренесе „Ројтерс“.
„Некои самите се пријавиле во полиција, некои излегле од грмушките каде што се криеле, па сега имаме 300 бегалци кои се вратија во затвор, од 600 што излегоа од ќелиите“, рече Шуаиб Белгоре, секретар на Министерство за внатрешни работи.