Ник Кенон има дванаесет деца со шест жени: Откри колку пари годишно троши за посети на Дизниленд

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Комичарот Ник Кенон има дванаесет деца, а сега открил дека троши огромни суми пари на патувањата со нив во Дизниленд.

Кенон беше во брак со пејачката Мараја Кери, а со неа пред 12 години ги доби близнаците Марокан и Монро, кои воедно се негови најстари деца.

Подоцна добил уште десет деца од врски со уште пет жени, од кои девет се родиле во период од две години. Комичарот еднаш изјави дека троши три милиони долари годишно за потребите на своите деца, а сега призна дека оди во Дизниленд „барем еднаш месечно“, кога се родендени на децата или празници кои ги поминува со своите наследници.

„Дали знаете колку пари трошам годишно во Дизниленд? Секој роденден и Божиќ. Буквално сум во Дизниленд барем еднаш месечно, веројатно оставам околу 200.000 долари годишно таму“, изјави тој за The Breakfast Club, пренесува Business Insider.

Истакна и дека претходно, кога го одржувал Божиќното утро во Дизниленд, имал одредени привилегии и слободен влез.

„Веќе не е бесплатно, а и тогаш имав само две деца“, додаде Кенон.

Слични содржини