Ник Кенон прашан дали планира да има уште деца – eве што рече

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Актерот, рапер, водител и комичар Ник Кенон (42) го чека своето 12-то дете, а кога новинарите го прашаa дали планира уште деца, тој рекол дека не е сигурен.

– Не знам човече. Немам идеа. Мислам дека засега ми е добро“, изјави тој за „Билборд“ за време на нивниот настан минатата недела, а потоа откри дека татковството му е „приоритет број еден“ и дека неговите деца му даваат посебна сила.

– Во се што правам. Тие се најзабавни, најиновативни, најдобри… Секој проект на кој работам сега е низ нивни очи – рече тој.

Кенон има 11 деца со шест жени. Тој со поранешната сопруга Мараја Кери ги има близнаците Марокан и Монро. Тој го има четиримесечниот син Легендар со моделот Бре Тиези, едномесечната ќерка Оникс со манекенката Ланиша Кол, како и синовите Голден (5), едномесечниот Рајс и едногодишната ќерка Квин со моделот Британи Бел.

Пред неколку дена тој доби ќерка со Аби Де Ла Роуз, со која ги има и близнаците Зион и Зилион.

Тој го имаше синот Зен со Алиса Скот, но бебето почина во декември минатата година.

Сега го очекува своето 12-то дете со Алиса.

Слични содржини