Позната манекенка за Ник Кенон: „Беше емоционално насилен, никогаш не би му се вратила“

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Џесика Вајт (38) изјавила дека била во „емоционално насилна“ врска со ТВ ѕвездата, милионерот Ник Кенон (42), поранешен сопруг на пејачката Мараја Кери.

„Поминав низ емотивно насилна врска и сите поминуваат низ тоа“, изјави таа за Page Six во ексклузивно интервју.

„Јас сум само првата личност во Холивуд што зборува за тоа и не се обидувам да создадам убава слика за тоа. Не сакам да бидам совршена“, додаде таа.

Поранешната манекенка на Викторија Сикрет, наводно, излегувала со водителот на „Wild ‘N Out“ од 2015 до 2020 година, иако таа рече дека биле заедно осум години.

Во интервју за Hollywood Unlocked во 2021 година, Вајт рече дека дознала за бременоста на друга жена со која Кенон спиел преку Инстаграм додека тие сè уште биле заедно.

„Сè уште поминував низ моите хормонални промени и требаше да започнеме ин витро“, рече таа тогаш. „Значи, кога луѓето дознаа за мене, луѓето мислеа дека сум уништувач на бракови. Не, во реалноста се случуваше нешто сосема друго. Ме малтретираа со месеци поради целата ситуација. Се уште се трудев да бидам фина, па не раскинавме веднаш, се обидовме да ги решиме работите“, изјави манекенката.

Кенон е познат како татко на дванаесет деца.

Вајт, кој е поранешно лице на Maybelline, се појави на премиерата на документарниот филм на раперот Френч Монтана, „За Кади“, на фестивалот „Трибека“. Њујорчанката, која глуми во новата сезона на „Love & Hip Hop: Atlanta“ неодамна објави и двосмислена долга објава на Инстаграм, а се сомнева дека е адресирана до Кенон.

„Сакав тоа да функционира, се молев секој ден да ме видиш и да ме сакаш како што јас те сакам тебе. Можеби го правеше тоа, но го криеше тоа од мене за време на нашата врска. Заминав со повеќе прашања од било што друго, се до денес навистина не знам зошто мораше да се случат сите овие работи“, се вели меѓу другото во нејзината порака.

Таа подоцна изјави за Page Six дека жали што сето ова јавно го напишала.

„Се каам што го напишав тоа, затоа што требаше да го зачувам за е*аната книга, барем ќе ми платеа за неа“, рече таа и откри дека навистина пишува книга и дека поглавјето за Кенон „ќе биде многу кратко“.

„Поглавјето за него ќе биде кратко… Ако го вклучам во мојата книга, веројатно ќе потрае половина поглавје. Тоа се сепак премногу зборови потрошени за него“, рече таа, додавајќи дека никогаш не сака да биде со него повторно.

„Никогаш не би се вратила кај него и тоа е факт. Јас си поминувам одлично без него, подобро ми е без него и не ми треба сета таа негативна енергија и с*ања. Завршив со него“, изјави Вајт.

Таа моментално е фокусирана на пронаоѓање на „вистински маж“ и сака да има дете со него.

„Ќе се обидам, но овој пат со вистински маж. Едвај чекам да водам љубов со некого и наскоро ќе имаме дете. О, да, јас сум за тоа“, објаснува таа.

„Многу сум уморна од тоа да зборувам за Ник веќе – завршив со него. Ве молам објавете таму дека ми е смачено да зборувам за Ник Кенон. Навистина сакам да продолжам понатаму бидејќи не сакам мојот следен дечко дури и да помисли дека мора да се натпреварува со таа енергија, затоа што не мора. Го преболев. Сакам да излезам во светот и да бидам опкружена со луѓе кои ќе го видат вистинското јас и ќе ми поставуваат прашања кои не се однесуваат на него“, заклучи таа.

Слични содржини