185
Поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации и гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денес ја објави својата кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува АП.
Во видеообраќањето, во кое ја објави својата кандидатура, Хејли нагласи дека пред две години не сакала да му биде предизвикувач на нејзиниот поранешен шеф Доналд Трамп на изборите.
Како што објасни, во изминатите месеци го сменила мислењето, земајќи ги предвид бројните предизвици, економските неволји на САД и потребата од „промена на генерации“, алудирајќи на 76-годишниот Трамп.