Ники Хејли му го расчисти патот на Трамп до номинација, се повлекува од изборната трка 

Хејли нема веднаш да го поддржи поранешниот претседател Доналд Трамп, но дефинитивно става крај на трката во која му беше најсилен ривал, гарантирајќи му ја републиканската номинација.  

од Бети Божиноска
199 прегледи

Ники Хејли ќе ја прекине својата републиканска претседателска кампања , тврдат за „Хил“ извори запознати со нејзините планови.   

Хејли, која треба да се обрати подоцна вечерва во Чарлстон, нема веднаш да го поддржи поранешниот претседател Доналд Трамп, но дефинитивно става крај на трката во која му беше најсилен ривал, гарантирајќи му ја републиканската номинација.  

Хејли се обиде да се претстави како главна републиканска алтернатива на Трамп и изненади многумина кога почна да добива значителна поддршка кон крајот од минатата година, надминувајќи го и гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис во повеќето анкети.  

Но Хејли не успеа да го претекне Трамп, кој остана конзистентен предводник за номинацијата, и доживеа дфоцифрени порази од него во Њу Хемпшир и нејзината база Јужна Каролина, како и засрамувачки пораз во Невада, каде што името на Трамп воопшто и не беше на гласачкото ливче. 

 Во досегашните преизбори, Хејли успеа да победи само во Вермонт и во Вашингтон, во дистриктот Колумбија, што го направи Трамп речиси математички сигурен дека ќе ја добие партиската номинација. 

 

Слични содржини