Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски синоќа порача дека недозволиво е основен прехранбен производ како лебот да не им биде достапен на граѓаните. Оттука тој апелира да се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните да бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со одлуката ќе им биде достапен.
-И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност!
Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните, соопшти Трајковски.