Никогаш не би погодиле: Ова е најздравото овошје

од Stefanija Kuzmanovska
615 прегледи

Летната сезона нуди многу на пазарите и вистинска дилема е што да одберете за да извлечете максимум за вашите пари.

Кога станува збор за овошјето, Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вели дека најздрави се доматите. Ботанички гледано, се сметаат за овошје.

Доматите се преполни со антиоксиданси, за кои е познато дека помагаат во одбраната од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и може да играат улога во развојот на рак, дијабетес, срцеви заболувања и други хронични состојби.

Што ги прави доматите толку хранливи?

Категоризацијата на овошје и зеленчук на ЦДЦ се заснова на количеството од 17 хранливи материи во порција од 100 калории. Доматот е нискокалорично овошје, чиј хранлив профил е сличен на зеленчукот. Еден домат тежи 60 грама, содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглехидрати. Богат е и со ликопен, кој му ја дава црвената боја.

„Конзумирањето домати и производи на база на домати може да помогне во заштитата на телото од рак и срцеви заболувања“, вели диететичарот Шери Бергер, повикувајќи се на студија објавена во 2021 година во списанието Food Chemistry.

Потоа беше откриено дека консумирањето домати и ликопен помага во спречување на коронарна артериска болест, рак на желудникот, рак на простата и цереброваскуларни болести.

Доматите се богати и со витамини А и Ц, а апсорпцијата на ликопен можете да ја зголемите со комбинирање на доматите со здрави масти, како што е маслиновото масло.

Слични содржини