Никогаш не би поверувале колку заработија Џеј Ло и Шакира од настапот на Супербол

од Elena Daskalova
396 прегледи

Шакира и Џенифер Лопез направија вистински музички и сценски спектакл на полувремето на Супербол, изведувајќи сплетови од нивните најголеми хитови во кариерата.

Целиот настап траеше 15 минути, а гледачите не можеа, а да не се запрашаат колкави хонорари добија тие, со оглед на тоа што се работи за афирмирани светски ѕвезди. Но, според американските медиуми, пејачите кои настапуваат на полувремето на Супербол, тоа го прават без паричен надомест.

НФЛ го покрива само синдикалниот обем, што значи дека се подготвени да платат минимален број работници, кои треба да ги одработат основните работи околу организацијата на овој спортски настан и ги плаќаат трошоците на продукцијата.

„Вол стрит журнал“ тврди дека тие минимални трошоци изнесуваат околу 10 милиони долари во последниве неколку години.

Изведувачите сметаат дека е голема чест да настапуваат на Супербол и повеќето од нив тврдат дека сонуваат да настапат на овој настан и дека, ако некогаш добијат прилика за тоа нема да ја одбијат без оглед на тоа што нема да бидат платени.

Втората причина е масовната медиумска експонираност.

Супербол секоја година го гледаат повеќе од 100 милиони гледачи. Лејди Гага по нејзиниот перформанс на Супербол доживеа огромен скок на плеј-листите, а стримингот на песните на Џастин Тимберлејк е масовно зголемен по неговиот настап, пренесува Воменсхелт.

Слични содржини