Што е толку ризично во тоа да објавувате насмеани фотографии од вашите деца на социјалните мрежи? Многу.
Еве што не треба да објавувате за да ги заштитите вашите деца:
Локација
Уличните знаци, броевите на куќите и адресите на становите може да изгледаат како безопасна глетка во позадина, но штом ќе ја објавите таа слика, вашето дете може да стане потенцијална жртва на кражба на идентитет или дури и киднапирање. Исто така, не е добро да ставате места како што се омилените паркови на детето и слично, бидејќи така секој може да го знае вашето движење со детето од ден на ден.
Лични информации
Давањето информации како датумот на раѓање или местото на раѓање и целото име на вашето дете не е добра идеја бидејќи овие идентификатори се користат за откривање на приватни сметки. Пример – роденденска фотографија и објавување на целосниот датум и слично. Исто така, не се препорачува објавување фотографии од детето од документите, како и секако самите документи, исто така поради потенцијална кражба.
Фотографии со малку облека
Пливање, море, одмор, веселба… сето тоа се фотографии кои сакаме да ги зачуваме, но не е добра идеја да ги објавиме на мрежите. Имено, никогаш не се знае на кого би можело да му дојдат до рака, па чувајте ги таквите спомени приватни.
„Сметајте ги вашите деца како автономни луѓе кои имаат право да бидат заштитени не само од физичка, туку и од нематеријална штета“, вели Стејси Стајнберг, професорка на Правниот колеџ Левин на Универзитетот во Флорида во Гејнсвил и вонреден директор во Центарот за деца и семејства.
Исто така, дефинитивно избегнувајте да објавувате фотографии од туѓи деца без нивна дозвола – бидејќи тоа е всушност нелегално во некои држави.
Ранливост и непријатни моменти
Објавувањето на фотографија од вашето болно дете може да предизвика коментари и сочувство на социјалните мрежи, но размислете како тоа може да влијае на вашето дете.
Она што го сметате за момент за негување, треба да го чувате за себе наместо да го објавувате јавно, бидејќи тоа може да ги засрами. Следниот пат кога вашето дете ќе биде во кревет со течење на носот, храбро добива инјекција на лекар или седи во болница, размислете – дали вашето дете би сакало да ја види оваа своја фотографија некогаш во иднина?
Исто така, чувајте ги моментите што може да го натераат вашето дете да поцрвене од срам офлајн.
Бесот и проблематичното однесување
– Првите деца на социјалните мрежи дури сега влегуваат во зрелоста и на пазарот на трудот. Иако го почитувам правото на родителите да споделуваат, важно е да се земе предвид автономијата на детето и да му се дозволи да создаде своја дигитална трага – предупреди Стајнберг.
Проблеми со растењето
Социјалните мрежи не се место за срам на децата. Без разлика дали станува збор за мокрење во кревет или за учење да читате, фотографирањето и опишувањето на начин што ќе ги нагласи тешкотиите на вашето дете може да биде проблематично.
Откривањето на нивната слабост може да ја отвори вратата за задевања и малтретирање.
Лоши оценки
Не е паметно да го засрамите вашето дете на Интернет со објавување на единицата што ја добиле.
Иако е разбирливо да се побара помош, социјалните мрежи не се место за тоа. Не само што ќе добивате совети – од кои голем дел можеби нема смисла и е подобро резервиран за конференција на родители-наставници – туку потенцијално може да му наштети на вашето дете, пишува RD.