Поранешниот министер за финансии и актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески демантира дека претходно бил против зголемувањето на минималната плата.
-Никогаш не сум кажал дека сум против она што е редовно законско усогласување на платите. Многу јасно кажав дека треба да се промени формулата како што предлагаат една од страните. Друга работа е некој што сака да манипулира и извртува работи, вели Славески во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Тој уште еднаш повтори дека „никој не е против зголемувње на платите“.
-Ова зголемување можеше да биде со многу помали тензии и поделби во општеството. Кај нас синдикатите во приватниот сектор не постојат, само 5% од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има некои кои редовно се среќаат со работодавачите, нема да до доаѓаме до ултиматуми и закани, појаснува Славески.