Никогаш не сум рекол дека заминувам: Гвардиола останува во Манчестер Сити?

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола би можел сепак да остане на клупата на Манчестер Сити и по завршувањето на сезоната 2024/25, иако бројни медиуми објавија дека тој најверојатно ќе го напушти „Етихад“.

Договорот на Гвардиола со шампионот во Премиер лигата истекува во летото 2025 година и се верува дека тој ќе го напушти клубот после тоа. Сепак, неговите изјави укажуваат дека тоа можеби не е така.

„Не реков дека заминувам. Девет години во еден клуб се цела вечност. Не ја исклучувам можноста за продолжување на соработката. Сакам да се уверам дека тоа е вистинскиот пат за клубот и играчите”. – изјави Гвардиола.

„Кога ќе одлучам, ќе разговарам со извршниот директор и со спортскиот директор. Но, сакам да ја започнеме сезоната, да видам како се ќе оди и колку сме поврзани. После тоа ќе видиме“, објасни Шпанецот.

Тренерот на Манчестер Сити на крајот истакна дека би сакал да го предводи тимот на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во јуни 2025 година во Соединетите Американски Држави.

Слични содржини