Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека никогаш не вршел притисоци за членови на неговото семејството одговарајќи на новинарско прашање дали влијаел на одлуката за предвременото полагање правосуден испит за неговиот син.
-Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство, изјави денеска Џафери од Собранието, одговорајќи на новинарско прашање.
Како што е познато, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), на својата 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чувало документацијата.
ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.
– Во врска со случајот со Барлет Џафери, кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за правда информира дека согласно еви-ден-ционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството и е од трајна вредност, Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година.Потписот за положен правосуден испит, го ставил министерот за правда кој ја извршувал функцијата во 2015 година, гласеше соопштението од Министерството за правда.