„Никој не е присилен на вакцина, на работа може ПЦР тест “: Новите мерки на владина седница во вторник

од Берта Китинска
302 прегледи

Граѓаните имаат право да не се вакцинираат, но ќе треба еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“

На забелешката од генералниот секретар на УПОЗ дека според ОН антиковд вакцината не е задолжителна, министерот рече дека во земјава не е воведена мерка за присилна вакцинација.

– Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Граѓаните имаат апсолутно право да не се вакцинираат, но ќе мораат еднаш неделно да прават ПЦР тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на коронавирусот. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено – изјави Филипче.

Тој истакна дека предлог-мерката за задолжителна вакцинација или негативен ПЦР тест за вработените во јавниот сектор уште во вторник ќе се најде на владина седница.

Слични содржини