Никој не ги сака математиката и вистината!? Ако ги презентираш точно, тогаш си “кодош”

од desk3
127 прегледи

Аналитичкиот центар на покојниот руски социолог Јуриј Левада беше вклучен од властите во Москва во листата на непрофитните организациите , кои се “странски агенти”, соопшти БНР. Руското Министерство за правда констатирало по проверка дека организацијата се финансира од странски извори, особено од САД, преку грантови од Висконсинскиот универзитет во Медисон, кој според руските власти е подреден на Министерството за одбрана на САД, служи на нивните интереси и формира социјални и политички ставови и убедувања. Независни руски медиуми објавија дека одлуката на Москва е диктирана од критиката, искажана од највлијателната социолошка агенција дека во земјата има “мафијачка власт”, како и критички мислења поврзани со активностите на Кремљ, за анексија на украинскиот полуостров Крим во пролетта на 2014 година.

Image_5748535_126
Според зборовите на директорот на приватната агенцијата Лев Гудков тоа значи дека “Левада” практично ќе престане да работи. Само пред неколку дена агенцијата прошири свое социолошко истражување, според кое во пресрет на парламентарните избори во Русија 49% од граѓаните на земјата не се заинтересирани за нив, 43% не го следат текот на предизборната борба, а само 9% пројавуваат интерес кон зизборите. Меѓу причините за апатијата на Русите пред изборите на 18 септември е отсуството на убеденост дека работите можат да се променат (26%) и на вербата во сегашните политичари во Русија (21%).
Пред половина година “Левада” регистрира и пад во довербата кон претседателот Владимир Путин со близу 8%. Центарот е формиран во 2003 година како независна организација составена од експерти, отцепени од државниот Всесојузен центар за истражување на јавното мислење ВЦИОМ. Експертите тогаш беа групирани околу истакнатиот руски социолог Јуриј Левада, кој почина во 2006 година. Тие ги прават и првите во поранешниот СССР и постсоветските Русија анкети пред изборите за Државната дума и за претседател на земјата.