НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ ОВА: После напорни месеци, принцот Хари и Меган Маркл имаат причина за ГОЛЕМО СЛАВЈЕ!

од Nikola Popovski

Интервјуто со наслов „Oprah With Meghan and Harry: A CBS Primetime Special“ во кое славната водителка беше домаќин на принцот Хари и неговата тогаш бремена сопруга Меган Маркл, најпрво беше прикажано на 7 март и крена огромна прашина, а сега е меѓу петте номинирани за Еми наградата во категоријата специјални документарни серии.

Објавувањето за номинациjата за Еми особено ги воодушеви обожавателите на заткулисните приказни за кралското семејство. Имено, меѓу кандидатите за најдобра драмска серија се и серијата за британското кралско семејство „Круна“, која доби 24 номинации, како и за неколку главни актери. За споменатата серија, дури и принцот Хари призна дека гледал неколку епизоди сам, а на водителот Џејмс Корден му рекол дека смета дека серијата е на некој начин е повеќе вистинита, во врска со некои вести за него и Меган.

Иако номинацијата изненади многумина, таа всушност е заслужена затоа што интервјуто го гледаа повеќе од 17 милиони луѓе за време на првото емитување во САД, а откако беше емитувано во Велика Британија, тој број драстично се зголеми. За време на двочасовниот специјал, парот упати бројни обвинувања против кралското семејство, ја „откри вистината“ и предизвика контроверзии затоа што британското кралско семејство ја обвинија за расизам, а Меган призна дека имала проблеми со менталното здравје додека била бремена со нивното прво дете, синот Арчи.

Во контроверзноto интервју, парот откри и дека чекаат раѓање на уште едно дете. Во меѓувреме, Меган Маркл на почетокот на јуни роди ќерка, која парот ја нарече Лилибет Дајана, со што ѝ оддадоа почит на бабата на Хари и на неговата покојна мајка Дајана.

Слични содржини