Никој не ја коментира содржината на законските измени, туку само ја критикуваат формата, вели Битиќи

од Vladimir Zorba
189 прегледи

„Во последните десетина дена сите се фатија на формата, а никој не зборува за содржината во измената на законите. Формата беше нужна за да се употреби. Јас кажав на одредени амбасадори зошто воопшто формата на европското знаме е дефинирана како таква ако имало консензус дека нашата земја треба да се движи кон ЕУ-пат“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека и покрај европското знаменце, секако ќе има дискусија, која ќе биде затворена во разумно време, а коридорите се дефинирани како пан-европски, важни се и носат економски раст и развој на нашата земја.

„Во содржината нема ниту еден дискриминирачки елемент, затоа што во финалните решенија викаме дека сите измени кои сега се прават, дали е тоа во законот за урбанизам, во законот за градење, законот за работни односи ќе бидат аплицирани не само во овој проект, туку за сите инфраструктурни проекти, од значаен стратешки и јавен интерес кој опфаќаат патна, железничка и енергетска инфраструктура и плус стратешки инвестиции кои со закон се дефинирани“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека со законите се обезбедува една брза трака, покрај нормалната поспора трака, но начелата на добро владеење не се судираат и нарушуваат.

„Се радувам кога има толку многу прашања, но не сакам да верувам дека дел од тие прашања, особено од одредени структури не се нивни прашања, туку нарачани прашања од одредени надворешни сили кои едноставно не сакаат да конечно нашата земја го фати правецот којшто го заслужува, а тоа е правецот на раст и развој“ рече Битиќи.

Слични содржини