Никој не мора да чека одреден датум – можете да бидете и побрзи, рече Фон дер Лајен за пристапувањето на С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
190 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен е децидна дека работите во Унијата се менуваат на подобро и вели дека она што гледа сега е вистинска динамика во процесот за проширување.

-Сакаме Западен Балкан да се приклучи – и вие и ние треба да се подготвиме. Започна дискусија во ЕУ околу ова. Ова не беше случај во минатиот мандат. Нешто значително се промени и работите се конкретни. Затоа мојата молба во земјите од регионот е дека ова е отворен прозорец со можности. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги. Никој не мора да чека одреден датум, можете да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување. Ајде заедно да го искористиме моментот, побара Фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Владата.

Околу уставните измени, шефицата на ЕК истакна дека изборот е наш.

-Затоа се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат моментот и ќе ги поддржат уставните измени. Сите партии имаат одговорност на иднината на С. Македонија. Се надевам дека движењето напред ќе биде поддржано од широко мнозинство, посочи Фон дер Лајен.

Слични содржини