Никој не може да им ги одземе манастирите, тавче-гравчето, пинџурот и идентитетот на Македонците, порача Кос од Скопје

од Nikola Popovski
294 прегледи

Еврокомесарката Марта Кос уште еднаш порача дека се потребни уставните измени, со што ќе се задоволат релевантните критериуми кои се договорени со Брисел. Од аспект на Европската комисија, Кос вели дека е важно да се има конструктивен дијалог меѓу Македонија и Бугарија и да се изгради дух на заедничка доверба и разбирање.

-Сметам дека е многу важно дека С. Македонија треба да се побутне на патот кон проширувањето, со оглед на тоа дека некои други земји се силни конкуренти за завршување на пристапните преговори. Сите препознаваме дека ова не е лесно, но можноста за проширување е сега отворена и сите треба да придонесеме, особено од ЕУ, не само овие две земји. Најдобрата гаранција за процесот е да се остварат резултати, рече европската функционерка на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

За Предлог-извештајот за напредокот на Македонија и амандманите со придавката „модерен“ пред македонски јазик и идентитет, Кос вели дека членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот.

-Можам да зборувам од сопствено искуство. Словенија исто така е мала држава, но, откако станавме членка на ЕУ во 2004 година, словенечкиот јазик е еден од 24-те официјални јазици на ЕУ. Се запрашавме нешто слично во 2004 година. Еве помагаме и во Молдавија, која стана земја-кандидат, да се спречи рускиот наратив кој вели дека можат да го изгубат идентитетот. Идентитетот не може, според мене, да стане предмет на политичко одлучување. Тоа е нешто што го носиме во нашите срца и души. Тоа е како се грижиме за нашата традиција, како на пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот, полнетите пиперки…како ги одржуваме традиционалните односи, каков однос имаме кон зачувување на јазикот. Никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците, порача еврокомесарката.

Слични содржини