Никој не може на Цеца да ѝ го земе Жељко од раце! Вељко откри што се случува во вилата на Дедиње 

од Stefanija Kuzmanovska

Доаѓањето на малиот Жељко во домот на Ражнатовиќ ги промени нивните навики од корен, а гордиот татко Вељко сега ги откри сите детали за новата ситуација, објави „Курир“.

Тој откри како Цеца Ражнатовиќ се однесува кон нејзиниот внук и за што се жали тетката Анастасија.

„Не можеме да ѝ го земеме детето од раце. Никој, како да е нејзино! И Анастасија е иста, таа единствено се жали затоа што бебето плаче ноќе. Ништо не е исто во куќата, имате нов член на семејството, сè му е него подредено и сите се околу него. Прекрасно е“, рече Вељко.

Слични содржини