Не знаеме дали Кејт има други тетоважи на телото, но онаа која војвотката на Кембриџ си ја направи пред 2 дена, е на сосема видливо место – десната рака. И мирно – привремена е!
И иако од тетоважата наскоро ќе нема ни помен, никој не очекувал дека Кејт Мидлтон ќе се тетовира, најмногу поради правилата на Кралството, кои не и дозволуваат да носи лак во светли бои, а камоли да ја украси на тој начин раката.
Фактите се факти и ние располагаме со снимки за изработката на предметната тетоважа – таа е во форма на цвет и е целосно безопасна. Сликана е со боја, направена целосно од природни состојки. И по две недели нема никакви траги од какво и да било по кожата.
Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се во посета на Сандерленд, Северна Англија, каде што војвотката се осмелува да ја тетовира раката.
По забавата во која беше вклучена индиската традиција, Кејт и Вилијам облечени со нео-жолти елеци и заштитни капи се упатија кон новоизградениот Northern Spire мост во Сандерленд.
Овој елек воопшто не одеше со палтото Dolce & Gabbana, во која бремената со своето трето дете Кејт беше облечена, но што да се прави – мерките за безбедност се на прво место!