Никој не очекуваше потези од ПСЖ во преодниот рок, особено не замена за Мбапе!

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен веќе прави тим за лето, прашање е дали Почетино ќе остане, но одлуките ги носи директорот Леонардо. Од друга страна, се зборува дека сопствениците од Доха сакаат Зинедин Зидан што поскоро да одговори на понудата, но поранешниот тренер на Реал се уште размислува.

Прашање е дали без него може да се завршат трансферите во преодниот рок, но Леонардо веќе преговара со Рајола за Погба. Французинот нема опции, Реал не го сака, ќе видиме дали ќе се врати во родниот град, попрво би заминал во Јуве, но Италијанците немаат пари.

Се подготвува големо изненадување на средината на теренот, на мета не е Кеси како што се претпоставуваше, туку Бразилецот од Лион, Лукас Пакета. Ја најде својата поранешна форма, откако разочара во Милан, Леонардо е и под притисок на Нејмар да се обиде да го доведе овој фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средината.

Ова би бил логичен потег доколку си замине Вајналдум кој не се снајде и сака да го напушти клубот. ПСЖ би сакал веднаш да ја заврши работата, зимава ќе го понуди Курзава на Лион, но се чини дека тоа е тешка мисија, бидејќи иако „Ле Гонес“ го сакаат левиот бек на тимот од Париз, можат да почекаат до јуни кога му истекува договорот.

Најголемата непознаница дефинитивно е замената за Мбапе. Иако во францускиот печат има надеж дека ќе остане, дека ќе ја промени одлуката, дека ангажманот на Зидан може да го привлече на нов договор со „светците“, нема ништо од тоа.

Кој ќе биде првата цел?

Халанд е опција, но тој не сака да оди во Париз и тоа не е тајна. Наводно, Рајола му го рекол на Леонардо тоа искрено, иако самиот агент најмногу пари од провизијата ќе добие од Французите. Норвежанецот сака да игра за Реал, или евентуално Сити, не е заинтересиран да игра во Франција. Баерн нема да го пушти Левандовски, Влаховиќ засега е само медиумска приказна, Леонардо сака поискусен играч.

Новата идеја, која наводно добива на тежина во редовите на челниците на францускиот шампионат е Ромелу Лукаку!

Не е случајно, се верува дека би бил идеално засилување, особено што не е задоволен во Челси, а „сините“ би го продале. Наводно, ПСЖ би понудил 90 милиони за Белгиецот кој зборува француски, тоа може да го прифати Челги иако платија 120 милиони за него затоа што сакаат уште еден напаѓач.

Од Челси како слободен играч би можел да пристигне и Тони Ридигер, но ниту ПСЖ ниту Реал не сакаат да му понудат 11 милиони евра колку што бара германскиот репрезентативец годишно.

Слични содржини