Килијан Мбапе имаше почеток од соништата за Реал Мадрид бидејќи постигна гол во победата од 2:0 против Аталанта во Суперкупот на УЕФА, но потоа застана и остана неактивен во следните 264 минути во шпанското првенство.
Моментално нема играч во најдобрите пет лиги во Европа кој упатил повеќе шутеви кон противничките голови од него. Сепак, Мбапе се уште чека првенствен гол.
Мбапе досега упати 17 удари кон головите на Мајорка (90 минути игра), Ваљадолид (86 минути) и Лас Палмас (90 минути). Напаѓачот, кој постигнува 40+ голови по сезона во последните четири години, се уште не може да ја стави топката во мрежата во Ла Лига.
Имаше четири шута против Мајорка, како и против Ваљадолид и девет против Лас Палмас. Ниту еден од нив не резултираше со гол.
Во најсилните европски лиги нема играч кој шутнал повеќе и останал на нула што се однесува до головите. Во француското првенство за секој гол во просек му требаа 4,4 шута.