Веста дека познатиот летонски кошаркар Јанис Тима се самоуби во Москва го шокираше светот. Тима наводно си го одзел животот поради разводот со пејачката Ана Седокова, а по трагедијата што се случи пред седум дена неговото тело се уште е во мртовечница.
Според вестите кои доаѓаат од Летонија, телото на Јанис уште долго ќе биде во Русија и постои големо прашање кога ќе се одржи погребот, а сето тоа поради бизарна причина – бирократија. Никој не знае каде е пасошот на поранешниот латвиски репрезентативец, а пред некој да го подигне телото ќе треба да се собере голема документација.
Претпоставката од летонските медиуми е дека никој од семејството не сака да се обврзе додека не се заврши со документацијата и некој од семејството не седне да разговара со неговата поранешна сопруга – Ана Седокова.
Да потсетиме, Тима е поранешен репрезентативец на Летонија кој кариерата ја започна во Рига, а настапуваше и за бројни клубови во Европа како Олимпијакос, Басконија, Химки и Уникс.
Беше драфтуван и во НБА, каде играше во летната лига за Орландо, но не доби договор.