273
Географија не се губи. Дел ќе има во природни науки, а дел во предметот историја и општество. Исто така историја не се губи, ќе ја има од 6 до 9-то одделение со новиот образовен концепт, изјави директорот на бирото за развој, Зекирија Хасипи.
Според него, нормативот е ист – може во 6-то одделение да предава професор по географија.
-Никој не останува без работа. Со новата концепција, им се овозможува шанса на наставниците да изработат програми од слободни изборни предмети и со тие програми може некој наставник да има полн фонд на часови. Овие предмети ќе ги предаваат истите наставници, ќе бидат модуларни, но секој ќе си го предава својот предмет и својата тема, вели Хасипи за Тв Телма.
Етика на религии пак останува слободен изборен предмет.