Никој во Европа не починал по инфекција со мајмунски сипаници, тврдат од СЗО

од Nikola Popovski

Никој во Европа не починал откако бил заразен со мајмунски сипаници, покажуваат податоците со кои располага Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и Регионалната канцеларија за Европа на Светската здравствена организација (СЗО), објавено е по заедничката анализа на епидемијата.

Овие две тела регистрирале 5.949 случаи на мајмунски сипаници во 33 европски земји и региони, а огромното мнозинство од заразените, односно 99,6 отсто се мажи.

Според податоците на ЕЦДЦ и СЗО, 42 отсто од заразените се на возраст од 31 до 40 години.

Меѓу случаите со познат ХИВ статус, 40 проценти биле заразени.

Повеќето случаи се претставени со осип и системски симптоми како треска, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареа, болки во грлото или главоболка.

Податоците на ЕЦДЦ наведуваат дека се пријавени 15 случаи на здравствени работници, но во тек е понатамошна истрага за да се утврди дали инфекцијата е резултат на професионална изложеност.

Слични содржини