Никој во земјава нема да прифати дека сме измислена творенина на Комитерната, вели Калеска-Ванчева

од Nikola Popovski

Мојот личен став и став на Владата е дека отстапките кои што се нормални во дијалог, ни случајно не можат да значат она што Бугарија го бара од нас. Тука црвените линии се јасно исцртани. Донесовме Резолуција во Собранието. Било какво чепкање во идентитетот и јазикот е непримерно во 21. век и уште повеќе да зборуваме за такви услови, вели пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.

Ванчева смета дека мора да се дискутира за спорот со Бугарија врз основ ана факти.

-Ако треба на претчувства, тогаш одиме во друга димензија. Донесовме Резолуција со јасни ставови, од што нашата држава не може да се помести. Никој политичар кажал дека тоа не важи. Разногласието е кај бугарската страна. Тоа е сериозен проблем. Во нивната Декларација поднесена до Европскиот совет, ние сме претставени како измислена творенина на Комитерната. Кој е оној во државава кој би прифатил нешто вакво? Османи ништо не договара позади затворени врати, кажа Калеска-Ванчева.

Таа додаде дека секое евентуално решение со Бугарија ќе оди во Собранието.

Слични содржини