Никол Кидман по 20 години проговори за разводот со Том Круз

од Vladimir Zorba
598 прегледи

По 20 години, актерката Никол Кидман зборуваше во јавноста за разводот со актерот Том Круз, со кого има две посвоени деца.

Светски познатите актери беа во брак 11 години, а долго време се веруваше дека главната причина за нивната разделба е филмот „Очи широко затворени“, на кој работеа заедно. Имено, се шпекулираше дека филмот е копија на нивните животи, па имало измами, и дека Том премногу и се посветил на сиентолошката црква.

Сепак, две децении подоцна, таа ги отфрли овие инсинуации.

„По снимањето на тие сцени, отидовме на трки на картинг. Ќе ја изнајмевме целата тркачка патека за нас и ќе се натпреваруваме до 3 часот наутро. Не знам што друго да кажам. Можеби немам можност да погледнам наназад во нашата врска. Или едноставно не сакам“, истакна актерката.

Како што призна и Никол претходно, не жали што се омажи млада затоа што уживала во тоа.

„Тоа беше одлична врска, но и помина рокот на траење“, откри таа во една прилика.

Актерката, исто така призна дека разводот влијаел врз неа затоа што верувала дека бракот може да се спаси. Таа, наводно, му замерила на Том што не присуствувал на терапија за брак со неа и ја објавил веста за разводот во јавноста без претходен договор со неа.

Слични содржини