Никол Шерцингер за студентските денови: „Тогаш бев најсиромашна, дарував крв за пари“

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Познатата пејачка Никол Шерцингер се прослави во групата Pussycat dolls.

Иако денес важи за една од најубавите жени и има завидна кариера, нејзиниот живот во минатото воопшто не бил бајковит. Имено, таа во студентските денови живеела многу тешко, и се занимавала со разни работи за да се прехрани.

Пеела опери во италијански ресторан, продавала шминка, па дури и дарувала крв за да собере пари.

„Најсиромашна бев кога студирав. Дарував крв за да добијам пари“, изјавила таа за Cosmopolitan.

Признала и дека нејзиниот најчест оброк во тоа време биле палачинки со вода, бидејќи биле евтини и доволни за да ја заситат.

„Го сакам моето семејство многу, но никогаш не сум имала некој да ми купи автомобил или да ми плати часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојата работа“, додава Никол.

Шерцингер често беше во центарот на медиумското внимание поради нејзините врски. Неодамна таа и рагбистот Том Еванс ја прославија првата годишнина од нивната љубов, а многумина коментираа дека делува среќно и исполнето.

Никол седум години беше во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, а како што тој кажа во една прилика, тие ја прекинале врската бидејќи не можеле често да се гледаат поради обврските.

Слични содржини