Пејачката, која според многумина е една од најубавите жени на светот, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со драстична промена во изгледот.
Никол е позната по својата долга црна коса од почетокот на кариерата, а сега се одлучи за голема промена на имиџот, па ја скрати косата и ја обои во сина боја.
Пејачката вчера на своите фанови за прв пат им покажа нова фризура, но и шминка, која според описот е инспирирана од серијата „Еуфорија“.
„Таа е легенда“, „Таа не ни личи на себе, а убава е“, „Твојата руса коса изгледа премногу добро“, се само дел од коментарите под фотографијата на пејачката на Инстаграм.
Да потсетиме, американската пејачка порано беше главен вокал на групата „Пусикет Долс“, а по распадот на групата започна своја соло кариера.