Трикратниот МВП на НБА лигата Никола Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер Нагетс. Потпретседателите на клубот, Бен Тензер и Џонатан Валас му понудиле продолжение на договорот на Јокиќ, а тој веднаш одбил.
Актуелниот договор на трикратниот носител на титулата „Најкорисен играч“ на НБА важи уште три години. Во договорот има клаузула Јокиќ да се откаже од последната година на договорот – вредна 63 милиони долари – и да потпише нов. Челниците на Денвер сакаат да го задржат во своите редови и му понудиле тригодишно продолжение на договорот, но српскиот ас рекол не!
Имено, Денвер Нагетс смета на тоа дека Јокиќ ќе се одрече од последната година на договорот и ќе потпише нов договор за до крајот на 2030 „тежок“ 212 милиони долари, а тој одбива.
Станува збор за тоа дека според ЦБА правилата (колективниот договор што Здружението на играчите го потпишува со НБА), Јокиќ следната година ќе има можност да се откаже од последната година од актуелниот договор и да потпише нов четиригодишен договор за дури 293 милиони долари. Тоа се 81 милиони долари повеќе, но и дополнителна година во договорот што би истекол кога ќе има 36 години и би можел да потпише уште еден вносен договор до крајот на кариерата.