Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов, денеска официјално стана играч на бугарскиот вицешампион Левски. Тој потпиша тригодишен договор со вториот најтрофеен клуб во Бугарија, со 26 титули.
„Добредојде Никола Серафимов! 26-годишниот централен дефанзивец и репрезентативец на Северна Македонија потпиша со Левски до летото 2028 година. По неколку сезони во Унгарија и 22 натпревари за репрезентацијата, Серафимов избра да го носи синиот дрес. Да му посакаме многу победи, здравје и незаборавни моменти!“, објави клубот од Софија.
„Левски“ имаше дефицит во центарот, откако го продаде Келиан ван дер Каап на катарскиот клуб „Ал Сајлија“ и доаѓањето на Серафимов се смета за вистинскиот потег.
Скопјанецот роден пред 26 години потекнува од младинската школа на Вардар, чиј дрес го носеше и во сениорска конкуренција, а во 2019-2020 со клубот ја освои шампионската титула.
Тој играше и за Пелистер и за Брегалница, а има играно и за Академија Пандев и во унгарски Залаегерсег и за Брера.
Серафимов досега одигра 22 репрезентациски натпревари и постигна 1 гол.
Тој сега е третиот странец во Левски, по францускиот халф Мазир Сула и крилото од Бразил – Рилдо.