Николас Кејџ ја избричи главата и пушти брада за снимањето на вестерн

од Vladimir Zorba
347 прегледи

НИКОЛАС Кејџ ја избричи главата и пушти брада за снимањето на вестернот Butcher’s Crossing во режија на Гејб Полски.

Филмот е заснован на истоимениот роман од 1960 година на писателот Џон Едвард Вилијамс и следи група ловци на бизони на Дивиот Запад. Филмот се занимава со прашања од човековата природа и машкост и човековата борба против природата.

Сценариото за филмот го напишаа Полски и Лиам Сатре-Мелој, а покрај Кејџ, во филмот играат и Фред Хечингер, Џереми Боб, Ксандер Беркли, Рејчел Келер и Пол Раци.

Кејџ откри дека инспирација за неговиот лик Милер биле Мајкл Џордан и Марлон Брандо од „Апокалипса сега“.

„Гејб Полски сакаше да ја избричам главата за да личам на Мајкл Џордан. Мајкл Џордан секогаш имал потреба да победува на теренот. Зарем Милер не е таков? Поради таа потреба за погодок, за победа. Тоа ме натера да размислувам”. рече Кејџ.. „Тој изглед на избричена глава малку ме потсети на Курц од романот на Џозеф Конрад и „Апокалипса сега“ на Копола. На некој начин има смисла, поврзано е, може да биде и едното и другото. Може да бидат Мајкл Џордан и Марлон Брандо во „Апокалипса сега“.

„Butcher’s Crossing“ беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто минатата година, каде што ги воодушеви критичарите. Во кината ќе биде достапен од 20 октомври.

Слични содржини