Николиќ: Добиени согласности за распределба на професионалните војници во други институции

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Пред распишувањето на локалните избори се добиени согласности за најавената распределба на професионалните војници со наполнети 45 години во други институции, но тоа ќе се операционализира по завршување на изборите.

Како што изјави државниот секретар Драган Николиќ за реализација на добиените согласности војниците ќе мора да чекат да помине изборниот период.

– За професионалните војници кои изразуваат незадоволство што се уште се во Министерството за одбрана, а не се распоредени во институциите,
сакам да известам дека непосредно пред прогласување на изборите ги добивме сите согласности во насока на нивно решавање во други институции, но заради определнеите пречки во изборниот период нивното решение ќе остане по завршувањето на изборите, изјави Николиќ.

Тој воедно апелира што поскоро во Собранието да се изласаат промените во Законот за служба во Армијата, со цел побрзо решавање на нивиниот статус.

Слични содржини