Во сегашната влада во Белград нема ниту еден човек кој сака воведување на санкции против Русија. Тоа, рече српскиот претседател Томислав Николиќ за државната телевизија РТС.

николиќ путин

Тој изрази надеж кризата во Украина нема да трае долго време и смета дека во моментов ситуацијата се развива позитивно. “Ситуацијата во Украина не дава право на ниту една земја да исполни сè што е замислено,  и тоа може да се подобри само ако двете страни седнат на преговарачка маса, бидејќи за сите е јасно дека таму има премногу оружје и жртви” , рече српскиот претседател.

Да претпоставиме – хипотетички, дека Србија ќе  воведе санкции против Русија, тоа нема никако да влијае на животот на Русија.. Нашите санкции ќе изгледаат како мува на мечка. Преку воведување на санкции против кого и да е во светот може да наштетиме само на себеси, рече уште Томислав Николиќ.

Тој најави дека има покана до  американскиот претседател Барак Обама да ја посети Србија, но во оваа фаза нема конкретен датум за посетата. Според него “Србија има исклучителна позиција во светот и никој не може на неговата мала земја, но со голем народ даи  каже што да прави”.

Слични содржини