Познатата хрватска водителка Николина Пишек и нејзината ќерка Уна доживеаја несреќа ноќта помеѓу саботата и неделата. Во куќата во која живее Пишек со нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ пукнала цевка за гас што обезбедува греење на целата зграда и тие се затруле со јаглерод моноксид. Наскоро биле хоспитализирани, а по укажаната грижа биле пуштени од болницата. По повод овој немил настан, Николина се огласи на својот Инстаграм профил.
Под фотографиите од болницата, водителката напиша долг текст во кој го опишува труењето што го доживеале, нагласувајќи дека 7-ми февруари ќе го прослави како втор роденден.
„7.02. Нашиот втор роденден. Затоа што сè уште сум жива, како и моето девојче. Само поради интуицијата на мојот сопруг преживеавме труење со јаглерод моноксид. Уна беше полесно отруена од мене поради разликата во висината, од истата причина моите кучиња се живи затоа што живеат и дишат на висина од околу 30 сантиметри. Јагледот моноксидот е полесен од воздухот и прво ќе ги пополни горните делови од вашите станови. Во зависност од кубниот капацитет на просторот и брзината со која истекува, и висината на цевките – тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Нема алармантни знаци дека вашите витални ткива умираат токму во тој момент. И тој процес – во моментот кога тивкиот убиец почнува да влегува во вашите бели дробови, да се врзува за хемоглобинот во крвта и да се дистрибуира до виталните органи, тогаш може да настапи смртта “, напишала водителката и додала:
„Една по една умираат мозочните ткива, срцето, на кое тивко му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрезите. А вие, во тој момент чувствувате главоболка, вртоглавица, срцето ќе ви чука, ќе имате мачнина. Нема да има иритација на слузница, нема шмркање, кашлање, гушење, осип. Ништо што би можело да упатува дека се наоѓате на пат кон вечниот мир. Нема да бидете бледи, не. Ниту синкасти, ниту виолетови. Ништо од тоа. Ќе го проколнувате стресот на работа, ручекот кој сте го изеле, времето, кое како на секој деклариран метеопат, и вас не ви дозволува да живеете. Можеби и вие како и јас ќе се напиете апче за смирување, бидејќи главоболката и биењето на срцето ќе ви поминат ако се наспиете. И ќе легнете. Последен пат во својот живот, ако немате лудачка среќа каква што имавме ние. Ќе заспиете и ќе бидете несвесни за она што следи. Светлата на итната помош, полицијата, интервентните единици од градската плинара, пожарникари, плачот и очајот на вашите најблиски, сирените, жолтите и сини ротациони одблесоци на фасадата како сведоци на трагедија. Вас веќе ве нема. Крај“, објасни Николина, која апелирала за детекторите за гас на крајот од овој текст.