Николина Пишек откри дека била приведена на граница и објасни зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Николина Пишек изјави дека во една прилика била приведена на границата меѓу Хрватска и Србија.

„Да, бев приведена поради неплатена помала сообраќајна казна. Ме приведоа на граница, а потоа ме задржаа. Поради тоа бев приведена, поради тоа што неколку пати не ми беше врачена казна. Тогаш имаше некаков проблем со адресата“, изјавила водителката во емисија на Уни ТВ.

Николина неодамна проговори за смртта на нејзиниот сопруг и ги потврди шпекулациите и приказните кои се ширеа во јавноста.

„Па, горе-долу се што е напишано е точно. Во приватен стан беше присутна жена, веќе не ѝ го знам името, толку ми е важно тоа, која призна дека била во некаква врска со него, а свекор ми го формулираше тоа како масажа… Се е многу чудно, главно лекарскиот извештај потврди дека починал од срцева слабост“, изјави водителката во подкастот Skip Or Beep.

Слични содржини