Константно Бугарија одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, се работи за пресуди кои се носени низ годините наназад. Има 16 пресуди кои се однесуваат на Македонците во Бугарија. Тие се однесуваат на правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на посебноста како Македонци, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „10 минути” на ТВ 21, потенцирајќи дека на следниот самит на Совет на Европа во Рејкјавик ќе се разговара за воспоставување на ефективен механизам со кој пресудите ќе мора да се спроведуваат и Бугарија да мора да ги спроведе.
Често се случува да граѓани од различни земји од Европа да си бараат права, да добијат пресуда и таа држава да плати минимална парична казна и да одбива остатокот од пресудата да го примени како што е во случајот со Бугарија која е рекордер во избегнување на примена на пресуди од Европскиот суд за човекови права. Така да мора да се најде ефективен механизам за што добив поддршка и во заклучните согледувања на претседателот на комисијата за политички прашања и демократија беше потенцираат мојот говор и дека мора да се најде ефективен механизам за спроведување на овие пресуди. Македонците од Бугарија добиле во Стразбур дека не им е признато правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на посебноста како Македонци, а Бугарија одбива да го спроведе тоа, рече Николоски.
Тој додаде дека ќе се воспостави ефективен механизам не само за Бугарија, туку за сите земји членки на Совет на Европа за да почнат да се применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права.
– Тоа што е суштински важно е што Бугарија континуирано одбива да ги спроведе овие пресуди во услови кога сама продава демократија надвор, вклучувајќи и во Македонија, самата одбива спроведе 16 пресуди на Европски суд за човекови права. Македонија нема ниедна пресуда поврзана со припадник на кое било национално малцинство кое не е спроведена, потенцираше Николоски.
Во однос на последните случувања и оваа агресивна политика на Бугарија, Николоски посочи дека само го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува со години наназад, дека владата нема никаква стратегија, се прават континуирано отстапки.
– Владата со Договорот кој не ни за пријателство ни за добрососедство прифатија заедничка историја што е неточно, завршување со прифаќање на договорот од минатата година. Македонија има уникатна позиција, од сите земји се бара да ги исполнат Копенхашките критериуми, а од Македонија плус се бара да исполни се што Бугарија сака. Во такви услови се разбира дека тактиката на оваа влада на прифаќање на се е лошо. Од другата страна има агресивна политика од ништо не се задоволно и ја доведуваат ситуацијата како да е студена војна помеѓу Македонија и Бугарија затоа што повлекување на амбасадор од страна на Бугарија е како да нема услови за дипломатски односи помеѓу двете држави, рече Николоски.
Тој нагласи дека ова покажува дека Македонија треба сериозно да ја осмисли својата политика кон Бугарија, а оваа влада на СДСМ и ДУИ нема капацитет, затоа што нивната политика на попуштање доживува фијаско и се удира од ѕид и мора да дојде блада која на поинаков начин ќе ги постави работите.
– И мора да има сериоизна битка со криминал и корупција затоа што и тоа е посочено и од земјите членки на ЕУ. Никој не и прави притисок на Бугарија заради тоа. Сега има притисок врз Македонија затоа што има влада која е спремна покрие криминал и корупција и да прифати се што Бугарија бара. Отиде Османи во Софија се понижи сам себе, владата и државата на која е министер за надворешни. Најголемата заблуда на владата на СДСМ и ДУИ е што мислат дека нешто ќе се договорат, прават поделби проевропски и антиевропски и мислат дека на тој начин ќе прават политика, а на другата страна има елита која нема крај со барања, изјави Николоски.