Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека партиската делегација била спречена да положи венец на споменикот Македониум на гробот на Никола Карев во Крушево, а исто така биле оневозможени да се упатат кон Слива и морале во приватна организација да одат на двете места.

Тој вели дека власта ги спречила да го сторат тоа, оти програмата предвидувала положувањето венец да биде во 9 часот, а власта намерно го поместиле за во 8 и 30 часот, без да ги информираат, а после полицијата ги спречила, со образложение дека ниту едно возило надвор од возилата околу премиерот не смеат да се движат.
Николоски додава дека не биле удостоени со соодветен пречек и дека е прв пат да се наруши традицијатаи опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден.
„Честитка до македонскиот народ и порака да ја зачуваме и градиме Република Македонија. Делегација на ВМРО-ДПМНЕ утрово од ненародната власт на Заев беше спречена да положи цвеќе на споменикот Македониум и на споменикот на Слива. На СДСМ и Заев им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што го подржува македонскиот народ. Заев максимум што можам е да го игнорирам, затоа што ја понижи Македонија, го промени името на Македонија и економски ја опустоши и краде. СДСМ се плашат од народот, но стравот не смеат да го истурат врз семејствата на илинденците“ рече Николоски.