Николоски: Има 16 пресуди на Eвропскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат

од Nikola Popovski
167 прегледи

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се обрати пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија.

-Една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права, рекол Николоски.

Тој се осврнал на извештајот на Европскиот суд.

-Во извештајот јасно е напишано дека – речиси сите земји  одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели – сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува.

Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо, изјавил Николоски.

Слични содржини