Николоски: Ќе го развиеме воздушниот сообраќај и во Македонија ќе донесеме многу нови туристи

од Nikola Popovski
67 прегледи

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека денеска остварил работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади.

На средбата се разговарало за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата.

-Разговаравме за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, информира Николоски, додавајќи дека „ќе го развијат воздушниот сообраќај и во Македонија ќе донесат многу нови туристи и многу нови авио-линии“.

Слични содржини