Николоски: Ќе ја реконструираме и електрифицираме пругата Скопје-Кичево во следните четири години

од desk2
7 прегледи Фотографија: Министерство за транспорт и врски

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, која исто така ќе биде електрифицирана, истакна во интервју за ТВ Алфа, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека за овој инфраструктурен проект државата доби грант од Европската Унија, со кој наскоро ќе започне изработката на физибилити студии.

„Ние вчера на седница на Влада прифативме грант од 5,3 милиони евра, кој што е доделен од страна на Европската Унија во соработка со Европската банка за обнова и развој и во следните година и половина треба да работат на изработка на физибилити студија, еколошка студија и останатите студии и кога ќе ги имаме овие документи, јасно ќе знаеме колку ќе чини проектот и на кој начин ќе биде реализиран. Јас очекувам по завршувањето на овие студии, градбата да трае некаде од две до две ипол години, што значи дека некаде за 4 години од денес, да имаме комплетно реконструирана пруга од Скопје до Кичево, и електрифицирана, затоа што досега можеа да сообраќаат само дизел возови, истакна вицепремиерот Александар Николоски.