Николоски: Македонија може да остане без експресната пруга кон Солун

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Во вчерашното издание на дебатната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека наместо железницата да биде реконструирана и обновена, бидејќи најчистиот превоз е всушност железницата, СДСМ се смее и се потсмева поради тоа што кажал дека неговиот сон е да се патува од Скопје до Солун за час и половина.

Тој додава дека тоа е начинот на кој „СДСМ е научено да функционира, а тоа е без конкретни проекти и без нивна реализација“.

„Доколку Зоран Заев во овој момент не приложи проекти во однос на изградбата на железницата онаму каде што ќе го повикаат, брзата пруга нема да поминува низ Македонија, па и нашите граѓани да ги имаат тие привилегии да патуваат до Солун, туку ќе сврти лево и ќе оди преку Бугарија и по реката Марица ќе оди надолу, па ќе се спушти кај Солун. Тоа е за 300 километри поголема пруга, но ќе се реализира, бидејќи Бугарија има готов проект“, тврди Николоски.

„Доколку таа пруга не се реализира во Македонија, ние ќе останеме црна дупка. Тоа значи дека покрај оние 2 милијарди евра директна инвестиција, Македонија ќе загуби и линија која што најбрзо ќе стигнува до Солун, само поради тоа што Зоран Заев и неговите соработници се неспособни и не можат да направат проект и проектна документација“, вели Николоски.

Слични содржини