Николоски: Македонија нема да добие датум во декември, а во јануари може да добие датум за скијање

од Берта Китинска
273 прегледи

Ако ме прашате дали сакам да почне преговори, апсолутно сакам и сонувам. Но мораме да ги гледаме работите реално. Најсимпатично би било да кажам дека почнуваме преговори сега во декември, но секогаш се обидувам да бидам реален, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Клик плус“.

-Многумина не веруваа пролетта 2018 година кога реков дека дури Зоран Заев да го промени името, нема да почне преговори со ЕУ, и додека е тој премиер, Македонија нема да почне преговори. За жал бeв во право, затоа што сакам Македонија да напредува.Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември и нема да почне преговори. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори. Се знае кога може да се носат одлуки. Има можност во декември, март и јуни. Се друго е лажење на народот, вели  Николоски .

Слични содржини