Николоски: Макрон е лидер на Европа

од Nikola Popovski
28 прегледи

Немам информација (дека премиерот Мицкоски со бугарскиот претседател Радев), но имам информација од она што го видовме сите дека премиерот имаше многу значајна средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон кој што во моментов, практично станува лидер на Европа, со оглед дека Владата во Германија е во пад и ќе има нови избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски за средбите на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Николоски е дециден дека „Макрон неспорно е лидер на Европа“ и политичар кој што има највисока поддршка и најстабилен мандат во ЕУ од сите земји-членки.

-На конференција која што трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, многу говори и за личниот авторитет на Мицкоски и угледот кој што го ужива Македонија, кажа вицепремиерот, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Штип.

Мицкоски истакна дека за време на средбите што ги имал на маргините на Самитот во Будимпешта, ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина и нашите економски цели, како и „начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и ги презентирал и „нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат“.

Слични содржини