Николоски најавува разговори со светски компании кои нудат евтини авио-летови

од Nikola Popovski
151 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски попладнево информираше дека донесена е одлука за формирање на работна група која што ќе ги испита сите можности за зголемувањето на бројот на летови од Скопскиот и Охридскиот аеродром.

Нашата цел е, вели Николоски, следната година да има нови дестинации кои што во моментов не оперираат на македонските аеродроми.

-Нашата цел е веќе следната година да има нови дестинации, а целта е да се зголеми бројот на туристи и полесно и поевтино патување на македонските граѓани, вели министерот во видео-обраќање.

Николоски најави дека ќе разговараат со неколку светски компании кои што нудат брзи и евтини летови. Министерот е убеден дека ќе имаме многу повеќе дестинации.

Според него, Владата и Министерството ќе ги дадат сите субвенции за повеќе летови, повеќе туристи и повеќе задоволни патници.

Слични содржини